350
Евертон потврди дека Дејвид Мојс е нивниот нов тренер, искусниот стратег се враќа на Гудисон Парк каде беше икона.
Дејвид Мојс од 2002 до 2013 го водеше Евертон, а по 12 години повторно го презема кормилото на тимот од Ливерпул.
„Евертон со задоволство може да му посака добредојде на Дејвид Мојс како нивни нов тренер“, стои во соопштението на клубот.
Тој е среќен што се враќа во клубот каде што помина дури 11 години.
„Одлично е што сум назад. Уживав 11 прекрасни и успешни години во Евертон и не се двоумев кога ја добив можноста да се вратам во клубот. Возбуден сум“, рече Мојс.
Everton Football Club is delighted to welcome back David Moyes as their new Manager, effective immediately. ✍️
— Everton (@Everton) January 11, 2025