Официјално: Де Лихт е нов фудбалер на Јувентус

by
1 минути читање

Јувентус го објави трансферот на Матијс Де Лихт кој од денеска и официјално е член на италијанскиот шампион.

„Матијс де Лихт е фудбалер на Јувентус. Холандскиот дефанзивец потпиша договор со трајност до 30 јуни 2024“, стои во соопштението.

Јувентус ја обелодени и сумата која му ја плата на Ајакс.

„Јувентус може да соопшти дека е постигнат договор со Ајакс за правата на фудбалерот Матијс де Лихт за отшета од 75 милиони евра која ќе биде плаќана на рати преку пет години“, објавува клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×