Официјално: Дарвин Нуњез е нов играч на Ал Хилал, Инзаги го доби напаѓачот кој го посакуваше! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Ал Хилал денеска и официјално го потврди ангажманот на Дарвин Нуњез за кого плати 53 милиони евра плус бонуси.

Симоне Инзаги го доби напаѓачот кој го посакуваше, Дарвин Нуњез од денеска и официјално е играч на Ал Хилал.

Уругваецот кога пристигна од Бенфика во Ливерпул важеше за голем талент, но во времето минато на Енфилд беше препознатлив по големиот број промашувања од чисти ситуации. Но даде и голем број на бодови.

Ливерпул успеа да го продаде за солидна сума и да извади голем дел од вложените пари за него.

Нуњез се надева дека во Саудиска Арабија ќе си ја врати голгетерската форма која го красеше во Бенфика.

Ливерпул се збогува со Нуњез со компилација од сите негови погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×