167
Бразилскиот фудбалер за кој пред само неколку недели се веруваше дека ќе потпише за Манчестер Сити и повторно ќе работи со Гвардиола, се пресели во ПСЖ.
„ПСЖ со задоволство може да информира дека потпиша со Дани Алвеш Да Силва до 30. јуни 2019“ – стои во соопштението на клубот.
34-годишниот бек во ПСЖ се сели како слободен фудбалер откако претходно се раздели од Јувентус.
„Екстремно среќен сум што потпишав за ПСЖ. Овој клуб во изминатите години стана еден од најголемите европски клубови и среќен сум што ќе бидам дел од него. За секој тим што сум играл сум го давал најдоброто од мене, така ќе биде и сега. Се надевам дека ќе помогнам да ги оствариме зацртаните цели“ – вели Дани Алвеш.