Официјално: Челси потпиша со Антонио Ридигер

by
1 минути читање

Челси донесе големо засилување во дефанзивата, 24-годишниот Ридигер стави потпис на пет годишен договор со Сините.

„Челси со задоволство може да соопшти дека го комплетираше трансферот на Антонио Ридигер од Рома. 24-годишниот фудбалер потпиша пет годишен договор и ќе го носи дресот со број два“ – стои во соопштението на Челси.

Ридигер е среќен што ќе има можност да игра за англискиот шампион.

„Чуството е прекрасно бидејќи секој фудбалер не може да игра во вака голем клуб каков што е Челси, горд сум што ќе играм тука“ – вели Ридигер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани