202
Перспективниот Американец одби да го продолжи договорот со „милионерите“, па го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа.
Изминатиов период често се пишуваше дека Челси е најблиску до потписот на Кристијан Пулишиќ, и ваквите вести официјално беа потврдени утрово.
Борусија Дортмунд соопшти дека си подале рака со Челси за трансфер на офанзивниот фудбалер. Челси ќе плати 64 милиони евра, но нема веднаш да го добие играчот.
Како дел од договорот, Кристијан Пулишиќ ќе остане на позајмица на Сигнал Идуна Парк до крајот на сезоната.