Официјално: Челси го откупи договорот на Ковачиќ

by
1 минути читање

Реал Мадрид и
Челси си подадоа рака за официјално 25 годишниот фудбалер од средниот ред,
Матео Ковачиќ целосно да биде фудбалер на Премиерлигашот, каде играше
изминатата сезона почнувајќи од август како позајмен фудбалер.

Според
информациите, Челси го откупи договорот на Ковачиќ од Реал Мадрид за 40 милиони
фунти, Хрватот ќе биде обврзан на верност со клубот пет години, а потврда за
оваа информација веќе пристигна и од обата клуба.

Со ова се
остварија најавите од минатата седмица дека Челси ќе го фати последниот воз за
да го добие целосно Ковачиќ, бидејќи Премиерлигашот има забрана за регистрирање
нови фудбалери во идните два трансфер периоди, меѓутоа забраната стапува на
сила токму од денеска, меѓутоа со оглед на фактот што Хрватот беше актуелен
фудбалер на  Челси на позајмица од Реал
Мадрид, околностите беа олеснети.

Досега, Ковачиќ во дресот на Челси забележа 32 настапи, меѓутоа се уште нема постигнато гол за таа екипа со која најверојатно од тренерското столче ќе раководи Френк Лампард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×