Официјално: Брера и Горазд Михаилов ја прекинаа соработката

by 24 фудбал
1 минути читање

Продолжува „егзодусот“ во Брера Струмица, а клубот потврди дека се раздели со тренерот Горазд Михаилов.

По неколкуте фудбалери кои заминаа од клубот, сега на ред дојде и предводникот Михаилов кој четири месеци ја водеше екипата. Главниот спонзор Брера се повлече од клупските структури, па поради тоа дојде до серија заминувања.

Михаилов и Брера спогодбено ја прекинаа соработката, иако искусниот стратег вршеше добра работа во Струмица. Клубот му се заблагодари на досегашниот тренер, а се очекува во следниот период да го промовира неговиот наследник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани