153
Откако денеска сите тројца ги поминаа медицинските тестови, во вечерните часови стигнаа и потписите по што сите три трансфери се официјализираа.
Милан и Јувентус преку своите веб страни ги потврдија новите засилувања.
Леонардо Бонучи се враќа во Јувентус како замена за Матија Калдара кој се сели во Милан. А Росонерите за Игуаин ќе платат 18 милиони евра за позајмица во првата година со опција да го откупат за 36 милиони евра следната сезона.
