2,1K
Eкипата на Барселона не успеа да пронајде начин и да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, па двајцата сега се слободни фудбалери, потврди Ла Лига.
Рокот за регистрација за двајцата да не останат без договори беше до истекот на 2024 година, а Ла Лига потврди дека ситуацијата не се решила.
„Барселона не претстави никаква алтернатива што би дозволила регистрација во согласност со прописите за економска контрола на Ла Лига“, објавија од Ла Лига.
Сепак за Барселона е добро што според информациите од Шпанија, Олмо е решен да чека разврска на ситуацијата и нема намера да потпише за друг клуб, иако има можност.