Официјално: Балотели е нов напаѓач на Олимпик Марсеј

by
1 минути читање

Балотели останува во Франција, но го промени клубот, тој ќе биде новата деветка на Марсеј.

Италијанецот денеска ги комплетира медицинските прегледи и стави потпис на договор со Олимик Марсеј.

Тој последен пат за Ница играше на четврти декември, во Марсеј се сели како слободен фудбалер.

Балотели постигна 42 гола во 64 натпревари во првите две сезони во Франција. Но немаше погодок за Ница на десет меча оваа сезона.

Марсеј кој има проблеми со ефикасноста оваа сезона, во моментов е на седмата позиција во Лига 1.

Нивните главни напаѓачи Валери Жермен и Костас Митроглу постигнаа само три гола во досегашниот дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×