Официјално: Баерн Минхен го позајми Одриозола од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Баерн Минхен потврди дека го ангажира Одриозола за остатокот од сезоната.

„Баерн Минхен потпиша со Алваро Одриозола на позајмица од Реал Мадрид до крајот на оваа сезона. Откако ги помина медицинските прегледи, 24-годишниот десен бек потпиша договор и ќе биде денеска дел од тренингот на тимот“, стои во соопштението на Баерн.

Претседателот Карл Хајнц Румениге вели дека Одриозола бил желба на нивниот тренер Флик.

„Следејќи ги интерните дискусии, се сложивме да ги почитуваме желбите на главниот тренер Ханси Флик и да ја засилиме дефанзивата, одлучивме да го ангажираме Алваро Одриозола. Среќни сме за засилувањето и благодариме на Реал Мадрид за пријателските и кооперативни разговори“, изјави Румениге.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×