Официјално: Бадиашил е нов фудбалер на Челси, потпиша „маратонски“ договор!

by
1 минути читање

Бадиашил потпиша седум ипол годишен договор со Челси, ретко може да се види играч кој потпишува на толку долго.

„Беноа Бадиашил го комплетираше перманентниот трансфер во Челси од Монако потпишувајќи седум ипол годишен договор“, стои во соопштението на Челси.

Се работи за 21-годишен централен дефанзивец за кој Челси на Монако ќе му плати околу 38 милиони евра.

„Многу сум среќен што сум тука во Челси. Возбуден сум што ќе почнам да играм за овој клуб. Не можам да дочекам да ги видам фановите и да почнам да играм во најдобрата лига во светот“, изјави Бадиашил.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани