298
Македонскиот фудбалер, Даниел Аврамовски е нов член на турскиот второлигаш Игдир каде што пристигнува по разделбата со Болуспор.
Аврамовски во Болуспор пристигна пред една година и клубот го напушта со 37 одиграни натпревари 17 гола и осум асистенции.
Во кариерата Аврамовски настапуваше уште за: Сараево, Кајсерспор, Вардар, Олимпија, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград, Работнички и Македонија Ѓорче Петров.
Според информациите на турските медиуми наскоро во Игдир на Аврамовски може да му се придружи и Валон Етеми.