Официјално: Атлетико Мадрид го презентираше Никола Калиниќ

by
1 минути читање

Никола Калиниќ ќе го носи дресот со бројот девет, тој во Атлетико Мадрид доаѓа од Милан за сума од 15 милиони евра.

„Ќе го дадам максимумот за овој клуб за да му помогнам да ги достигне своите цели. Имаме многу. Ќе ми биде потребно време, но се надевам дека брзо ќе се прилагодам. Веќе во среда имаме важен меч, играме против Реал Мадрид во Суперкупот на УЕФА и се надевам дека ќе победиме“, изјави Калиниќ.

Никола Калиниќ најголемата слава ја стекна на Светското првенство во Русија, но само затоа што не одигра ништо и поради недисциплина уште по првиот натпревар беше вратен во Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×