Официјално: Аталанта го одреди наследникот на Иван Јуриќ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Аталанта веќе го одбра наследникот на Иван Јуриќ. Само ден по разделбата со хрватскиот стратег, клубот од Бергамо го потврди Рафаеле Паладино како нов тренер на првиот тим.

Младиот италијански стручњак, кој има 41 година, беше избран како човек што треба да ја стабилизира екипата по лошиот почеток на сезоната. Јуриќ не успеа да донесе резултати и не ја оправда довербата на раководството, па неговиот мандат траеше пократко од очекуваното.

Паладино минатата сезона ја предводеше Фиорентина со која обезбеди шесто место во Серија А и настап во полуфиналето на Конференциската лига. И покрај солидните резултати, управата на „виолетовите“ се реши за промена и го ангажираше Стефано Пиоли, потег што не донесе подобрување. Пред да седне на клупата на тимот од Фиренца, Паладино остави одличен впечаток и во Монца, каде што го направи првиот сериозен чекор во тренерската кариера.

Неговиот дебитантски натпревар како тренер на Аталанта нема да биде лесен, бидејќи веднаш по репрезентативната пауза тимот ќе се соочи со актуелниот шампион Наполи на тешко гостување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×