163
Арсенал се пофали со рекордното засилување, „топчиите“ за 80 милиони евра од Лил го донесоа Никола Пепе.
Тој стави потпис на петгодишен договор со Арсенал и ќе го носи дресот со бројот 19.
„Никола е високо рангирано и талентирано крило кое го сакаа многу големи тимови во Европа. Потпишување со топ класа крилен фудбалер беше една од нашите клучни цели во овој трансфер прозорец и јас сум среќен што тој е наш играч. Тој ќе додаде брзина, сила и креативност со цел да ни донесе повеќе голови на нашиот тим“, вели Унаи Емери.