168
Веќе нема дилеми за иднината на Роналд Араухо, дефанзивецот кој се поврзуваше со Јувентус стави потпис на нов шестгодишен договор со Барселона.
Пред извесно време се појавија шпекулации дека Јувентус го посакува Араухо, но брзо стигна реакција од Барселона која успеа да го продолжи договорот со дефанзивецот.
„ФК Барселона и Роналд Араухо постигнаа согласност за продолжување на договорот на фудбалерот до 30 јуни 2031 година“, стои во соопштението на каталонскиот клуб.
💙 𝗔𝗥𝗔𝗨𝗝𝗢 𝟮𝟬𝟯𝟭 ❤️ pic.twitter.com/IcqzyExMBC
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 23, 2025