45
Манчестер Сити го промовира најголемото зимско засилување и потпиша договор со Антоан Семењо.
Крилниот фудбалер доаѓа на „Етихад“ од редовите на Борнмут за сума од преку 70 милиони евра. Хитот на есента во Премиер лигата парафира договор со „граѓаните“ на пет ипол години, односно до јуни 2031 година.
Оваа сезона Семењо на 20 премиерлигашки натпревари постигна десет погодоци. Притоа подели и три асистенции. Редот за неговиот потпис беше долг, меѓутоа Сити дејствуваше најбрзо и ја активира откупната клаузула доведувајќи го во своите редови.
Ready to be part of this journey 🩵 pic.twitter.com/HqdWaalk66
— Manchester City (@ManCity) January 9, 2026