Официјално: Антоан Гризман има нов клуб!

by Стефан
1 минути читање

Францускиот крилен напаѓач Антоан Гризман од лето ќе стане нов член на Орландо Сити, откако ќе ја заврши сезоната во Атлетико Мадрид.

Гризман потпиша договор со кој ќе остане во американскиот клуб до 2028 година, со опција за продолжување до 2029-та. Со овој трансфер завршува вториот Гризманов мандат во редовите на „јорганџиите“, а американската авантура ќе биде првпат 35-годишниот фудбалер да настапува за клуб надвор од Шпанија.

Некогашниот играч на Реал Сосиедад и Барселона настапуваше и за репрезентацијата на Франција, со која го освои Светското првенство во 2018 година во Русија, а за „петлите“ од 2014 до 2024 постигна 44 гола на 137 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×