Официјално: Алегри во Јувентус до 2020 година

by
0 минути читање

Јувентус потврди дека ја продолжува соработката со Масимо Алегри, тој стави потпис на нов три годишен договор.

„Јувентус со задоволство може да потврди дека потпиша договор со Масимо Алегри до 2020 година“ – стои во соопштението на клубот.

Откако во 2014 година Алегри пристигна на клупата на Јуве, клубот освои три титули во Серија А, три трофеи во купот на Италија и еден во италијанскиот Суперкуп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани