Официјални состави: Со Миовски и Ристовски ќе го нападнеме Казахстан

by riste
0 минути читање

Селекторот Благоја Милевски го одбра составот со кој ќе го почне денешниот натпревар против Казахстан во квалификациите од Светското првенство.

Поради повреда од составот отпадна Висар Муслиу, и овојпат ќе играме со тројца стопери, Сточевски, Велковски и Зајков, на бековските позиции ќе бидат Илиевски и Алиоски.

Во средниот ред Алими, Барди и Елмас, а најистурени во нападот ќе бидат Миовски и Милан Ристовски. Стандардно на голот е Димитриевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×