Одредени и двојките за плеј-офот во Лига Европа

by bojan
1 минути читање
УЕФА

УЕФА ја одржа ждрепката и за плеј-офот во Лига Европа, баражот донесе едно големо дерби и пресметка помеѓу Порто и Рома.

По Лигата на шампиони, одредени се и двојките за плеј-офот во второто по ранг натпреварување, Лига Европа.

Ждрепката донесе едно големо дерби, Порто ќе ги одмери силите со Рома за влез во осминафинале.

Извлечени парови во плеј-офот:

Ференцварош – Викторија Плзен
Унион Сен Жилоа – Ајакс
Порто – Рома
ПАОК – ФЦСБ
Твенте – Бодо/Глимт
АЗ Алкмар – Галатасарај
Фенербахче – Андерлехт
Мидтјиланд – Реал Сосиедад

Натпреварите се на програмата на 13 и 20 февруари, а на 21 ќе биде закажана нова ждрепка во која ќе се одреди костурот до крајот на натпреварувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани