Одреден календарот до крајот на ПМФЛ: Вардар и Шкендија за титула во последното коло?

by 24 фудбал
1 минути читање

По одигрувањето на првите два круга во Првата македонска фудбалска лига, познат е и распоредот за третиот дел од сезоната.

Според Бергеровиот систем се формираа паровите за завршната фаза од шампионатот, во која ќе се води главната битка за титулата и местата кои водат во Европа.

Лидерот Вардар има поволна позиција, бидејќи дербито против Шкендија ќе го игра на домашен терен и тоа во последното коло од сезоната. Интересно е што големите пресметки се оставени за финишот, па во 31 коло Шкендија ќе ја пречека Струга, а во следната рунда стружани ќе му бидат домаќини на Вардар пред завршната дерби пресметка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×