144
Финалната битка
за куп трофејот оваа сезона во македонскиот фудбалски шампионат ќе ја водат
Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев, а од куќата на фудбалот во нашата
земја веќе известија и за терминот на одигрување на таа пресметка.
Од ФФМ објавија
дека финалето ќе се одигра на 22 мај на Националната ареа „Тодор Проески“ со
почеток од 18,30 часот, инаку денот кога ќе се одигра финалната пресметка е
среда.
Македонија Ѓорче
Петров ќе игра трето финале во Купот, а Академија Пандев пак дебитира во
завршницата од ова натпреварување против ривал кој го има и подигнато пехарот,
по финалето против Шкендија кое во 2006. година го доби со 3-2.