Ла Лига го одреди датумот и саатницата за првото „Ел Класико“ оваа сезона, Реал Мадрид и Барселона ќе ги одмерат силите на 26. октомври со почеток во 21 часот.
Реал Мадрид и Барселона ќе го имаат првото соочување оваа сезона на „Бернабеу“, а денеска Ла Лига откри дека натпреварот ќе се игра во сабота, 26. октовмри со почеток во 21 часот.
На „каталонците“ веднаш во очи им паѓа тоа што нивниот тим ќе има еден ден помалку за одмор, па уште сега се пишува за контроверзна одлука.
Имено, Реал Мадрид на 22. октомври игра против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони, додека пак Барселона на 23. октомври ќе ги одмери силите со Баерн Минхен.
Имаше опција натпреварот да се игра на 27. октомври за двата клуба да имаат екстра ден одмор по напорните мечеви во Лигата на шампиони, но Ла Лига и ТВ куќите на крајот одлучија „Ел Класико“ да се игра на 26. октомври.
HORARIOS | Conoce cuándo se disputarán los partidos de la jornada 11 en #LALIGAEASPORTS.
https://t.co/fKnm0IFWV5 pic.twitter.com/PfmeGHwhjz
— LALIGA (@LaLiga) September 24, 2024