156
Иднината на 28
годишниот македонски интернационалец Александар Трајковски од Мајорка е
неизвесна, откако шпанскиот прволигаш се уште не ја донел конечната одлука
околу неговото заминување, пренесе „Ултима Ора“.
Трајковски има
активен договор со шпанскиот прволигаш до 2023 година, а токму тоа е причината
поради која се одолговлекува конечната разрешница околу неговата иднина, а
нешто слично се случуваше и во ланскиот летен преоден рок, па и во зимскиот.
Македонецот
пристигна во Мајорка во 2019 година, а претходно ги бранеше боите на
италијански Палермо.
