Санти Кањизарес, легендарниот голман на Валенсија жестоко го критикуваше тренерот на шпанскиот тим, Карлос Корберан поради тоа што македонскиот чувар на мрежата и понатаму е резерва.
Според Кањизарес на Димитриевски му е направена неправда, бидејќи ако Валенсија не сметала на него требала да го пушти слободно да замине.
„Тренерот не го сака Димитриевски и тоа е јасно. Во ре тоа е негова желба и одлука, но ако си го довел бесплатено, наајмалку што можеш да направиш е да го пуштиш даа си замине. Односот на Валенсија не е фер“, изјави екс-голманот на клубот од „Месталја“.
Ќе потсетиме, Димитриевски во Валенсија дојде без отштета со цел да биде замена на Мамардашвили, а потоа и прв голман кога Грузиецот ќе замине. Сепак сезонава е втор избор и предност добива Жулен Агиврезаабала.