Одложен е уште еден меч во Бундеслигата, овојпат поради топење на снегот!

by riste
1 минути читање

Натпреварот меѓу Хамбургер и Баер Леверкузен кој вечерва требаше да се игра во рамките од коло во Бундеслигата е одложен поради безбедносни причини.

Во последен момент е одлучено дека најдобро е овој меч да не се игра со цел да се обезбеди безбедност на фановите поради ситуацијата со снегот.

Хамбургер информира дека ситуацијата со снегот се променила попладнево кога на неколку места се насобрало големо количество на вода од стопениот снег кој уште се топи и процениле дека ситуацијата е ризична.

Дополнително ќе биде утврден термин за овој натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×