214
На одредени медиуми од
Салерно очигледно не им се допадна веста дека македонскиот напаѓач од Палермо,
а воедно и капитен на тимот, Илија Несторовски ќе биде подготвен за следниот
меч, откако денес продолжи со засилено темпо на тренинзите по враќањето од повредата.
Во Салерно оваа вест ја
нарекоа „Лоша“, како што стои и во насловот на медиумот од каде ја пренесуваме
оваа вест.

Повеќе нема дилеми,
македонскиот бомбардер ќе биде на располагање на Бруно Тедино за пресметката со
Салернитана на домашен терен, предвидена да се одигра во четврток.
Извор: salernonotizie.it