48 годишниот аргентински
стратег од клупата на шпанскиот прволигаш Севилја, Едуардо Беризо се најде во
фокусот на вниманието на целата фудбалска јавност откако истата дозна шокантна
вест за него по драматичното реми со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Во јавноста излезе
информација дека фудбалерите на Севилја на полувремето дознале дека Беризо
боледува од рак на простата по што добиле голема мотивација во себе да ја
стигнат негативата од 0-3, а во тоа успеаа.
Од информациите кои
пристигнуваат, операцијата на Беризо минала успешно, а за ова потврдува и
објавата на Севилја на социјалните мрежи.
Сега, периодот на
рехабилитација на Беризо ќе зависи од пост-оперативниот процес во наредните
неколку денови.
