Oдлично дерби во Серија А: Асистенцијата на Елмас не беше доволна за победа на Наполи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Дербито во италијанската Серија А помеѓу Интер и Наполи вечерва заврши без победник 2-2. Двете екипи имаа свои моменти, па на крајот ремито можеби беше и најреалниот исход.

Наполи прв стигна до водство кога Димарко ја погоди мрежата на гостите по само девет минути игра. Но, тоа водство не траеше долго, Мектоминеј во 26. минута по асистенција на Елмас израмни на 1-1. Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата.

Во вториот дел поради бурни реакции, Антонио Конте беше испратен на трибините во 71. минута. Интер две минути подоцна преку Чалханоглу од пенал по вторпат поведе. Наполи не се откажа, па само осум минути подоцна Мектоминеј постигна и втор гол сега по асистенција на Ноа Ланг за 2-2.

Голема можност да донесе победа на Интер во последните моменти имаше Микхтаријан, но ја погоди само стативата голот на Савиќ.

Елмас ги одигра комплетните 90 минути и на теренот остана до последниот судиски свиреж.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×