Фудбалерите на Нотингем кои се најпријатното изненадување сезонава во Премиер лигата и вечерва одиграа солиден натпревар и тоа против лидерот на табелата, Ливерпул (1:1).
Никој не очекуваше но Нотингем по 21 коло во Премиер лигата се наоѓа на фантастичното за нив второт место и тие засега се најблиску до Ливерпул кој игра во најдобра форма од стартот на сезоната.
Се играше осмата минута кога Крис Вуд ја погоди мрежата на гостинскиот состав и донесе радост помеѓу домашните фанови. Со предност од еден гол, Нотингем замина и на паузата.
Ливерпул се обидуваше да дојде до израмнување и на крајот успеа во 66. минута.
До крајот „црвените“ беа подобар противник, посебно во завршницата кога Салах пропушти две-три добри прилики. На крајот двете екипи ги поделија бодовите.
На табелата Ливерпул е лидер со 47 бода, додека Нотингем зад нив има 41, Арсенал е трет со 40. Избраниците на Слот заедно со „топџиите“ имаат и еден натпревар помалку.