Одлични вести за Челси пред дербито, се враќа првата ѕвезда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси и Арсенал ќе одиграат ново лондонско дерби оваа недела со почеток во 17:30 часот. Двата тима влегуваат во натпреварот во одлична форма, а навивачите на Челси добија важна позитивна вест пред судирот со големиот ривал.

Кол Палмер најдобриот играч на синиот дел од Лондон, ќе биде подготвен за дуелот. „Десетката“ на Челси е надвор од терените од 20 септември и поразот од Манчестер Јунајтед со 2-1.

По двомесечна пауза, Палмер конечно е подготвен да се врати и да му помогне на својот тим во клучниот период од сезоната. Челси моментално заостанува шест бода зад Арсенал, а со евентуална победа би се доближиле на само три.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×