Одлични вести за Аморим и Манчестер јунајтед пред мечот против Борнмут

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Англија пренесуваат дека Камерун и Брегот на Слоновата коска дозволиле Брајан Мбеумо и Амад Диало да играат вечерва против Борнмут.

Рубен Аморим под голем знак прашалник го стави настапот на Брајан Мбеумо и Амад Диало против Борнмут, на средбата со новинарите рече дека се уште нема информации дали фудбалерите ќе останат во Манчестер или ќе мора да им се приклучат на своите репрезентации за Купот на Африкански нации.

Како што пренесува Атлетик, преговорите со Камерун и Брегот на Слоновата Коска биле позитивни, па двајцата фудбалери вечерва ќе бидат на располагање, и тие ќе заминат по крајот на пресметката на Олд Трафорд.

Останува да се види дали дозвола за настап ќе добие и Нусаир Мазрауи, кој треба да се пријави во кампот на Мароко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×