602
Убави вести пристигнаа од Англија поврзани со Мајк Антонио.
Напаѓачот на Вест Хем е пуштен од болницата во Лондон каде што беше од седми декември по сообраќајна несреќа.
„Би-Би-Си“ пренесе дека Антонио бил опериран за повеќе скршеници, а во моментов се наоѓа во стабилна состојба. Тој рехабилитацијата ќе ја продолжи во домашни услови.
Враќањето на терените на Антонио е голем прашалник, нејасно е кога и дали ќе биде во состојба пак да игра.