Одлични вести од Барселона, младата ѕвезда по две операции се врати на тренинзите!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Барселона, Гави, направи важен чекор во процесот на рехабилитација откако повторно се приклучи на тренинзите со првиот тим.

Младиот играч за врска постепено го зголемуваше интензитетот во изминатиот период, а сега за првпат работеше заедно со соиграчите на дел од тренингот. Ова доаѓа по сериозните проблеми со десното колено, поради кои мораше да мине и втора операција, откако претходно паузираше долг период поради повреда на лигаментите.

Според информациите на Mundo Deportivo, во клубот засега не брзаат со неговото целосно враќање на терените и ќе го следат напредокот во наредните недели пред да донесат конечна одлука.

Добрата вест околу Гави доаѓа во позитивен момент за тренерот Ханси Флик, кој веќе доби засилување со враќањето на Педри и Маркус Рашфорд во конкуренција за следниот натпревар против Леванте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×