1,4K
Судбината е многу интересна, а Роналд Араухо можеби ќе биде жртва на проблемите на Барселона.
Дефанзивецот кој блесна во Ел Класико и беше столб на одбраната во победата над Реал Мадрид од 2-5 е сепак на излезните врати на клубот. Барса мора да ги балансира финансиите, па ќе биде приморана да продава.
25-годишниот Уругваец е доста ценет во Европа, а бидејќи нема постигнато договор за продолжување на соработката која исекува следното лето е пред заминување.
Најзаинтересиран за услугите на Араухо е Јувентус. Според информациите „старата дама“ е подготвена да плати 35 милиони евра, 20 во директна исплата и уште на трипати по 5 низ рати.