Одговор кој секој навивач сака да го слушне, еве зошто Баерн ќе одбие 200 милиони за Олисе

by bojan
1 минути читање

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека Мајкл Олисе нема да биде продаден на Ливерпул ниту за 200 милиони евра, вели дека џабе им е толкава сума во банка ако тимот игра полошо.

Мохамед Салах заминува од Енфилд по крајот на сезоната, па веднаш почна да се шпекулира за тоа кој ќе биде негов наследник во Ливерпул.

Името на Мајкл Олисе најчесто се споменува, а последните шпекулации велат дека „црвените“ се подготвени да платат и луди 200 милиони евра.

Но од Баерн Минхен пристигна одговор кој би сакал да го слушне секој навивач.

„Играме за нашите навивачи, имаме околу 430.000 членови и милиони навивачи ширум светот“ – вели почесниот претседател Ули Хенес.

„И на нив џабе им е тоа што би имале 200 милиони во банка, а играме полошо секој викенд“.

„Па Мајкл Олисе нема да биде продаден, ниту за 200 милиони евра“.

Тој потоа додаде: „Колку што паметам, Ливерпул потроши 500 милиони минатото лето и имаат лоша сезона. Па не сакаме да им помогнеме да бидат подобри следната сезона“.

ФОТО: X/FC Bayern

Можно е и ова да ти се допаѓа

×