Одгард со еврогол ѝ донесе победа на Болоња, Удинезе сигурен со Фиорентина (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Болоња и Удинезе забележаа победи во 27. коло на Серија А.

Екипата на Винченцо Италиано славеше минимално на гостувањето кај Пиза (0-1). Иако долго време немаше голови во Пиза, човек на одлука беше Јенс Одгард кој во завршницата даде страшен гол за победа. Болоња стигна до 39 бода и се наоѓа на осмата позиција, додека Пиза е во опасната зона со 15.

Удинезе беше посигурен и со високи 3-0 ја совлада Фиорентина. „Зебретите“ со головите на Кристијан Кабаселе, Лоренцо Дејвис и Букса стигна до висок триумф.

Со оваа победа Удинезе е десетти со 35 бода, додека Фиорентина има 24 бода на шеснаесеттото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×