Мартин Одегард
останува во Холандија, но, не во дресот на Херенвен каде настапуваше како
позајмен фудбалер од Реал Мадрид изминатите две сезони.
Кралскиот клуб
повторно не му укажа прилика за докажување на некогашната голема фудбалска
надеж, па во новата сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во Витезе, и тоа
една сезона.
Норвежанецот во
Херенвен запиша 38 настапи на кои постигна и 3 погодоци, со Реал Мадрид има
договор во важност до 2021. година, но останува отворено прашањето дали и
идната сезона би добил шанса во великанот.
Одегард беше
вистинска сензација пред неколку години, на 15 години дебитираше во сениорскиот
состав на Норвешка, а набргу потоа за него интерес пријавија поголем број
европски гиганти, за неговиот потпис на крајот се избори Кралскиот клуб во чии
редови забележа само еден натпревар.