Одбраната на Мамардашвили со која го излуди Валверде и навивачите на Реал (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Мамардашвили

Голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили е избран за играч на натпреварот против Реал Мадрид откако се истакна со неколку добри интервенции, Грузиецот му одбрани пенал на Винисиус а потоа го излуди и Валверде.

Валенсија со гол во 95. минута го шокираше Реал Мадрид и стигна до првата победа на „Бернабеу“ по 2008.

Уго Дуро е херојот со својот погодок во последните секунди од мечот, но огромни заслуги има и Георги Мамардашвили.

Голманот во првото полувреме му одбрани пенал на Винисиус Жуниор, но особено се истакна со една интервенција во 71. минута, кога Валверде и навивачите веќе ја видоа топката во мрежата, но Грузиецот маестрално спречи водство на домаќините.

Георги Мамардашвили, кој е главен виновник што нашиот Столе Димитриевски седи на клупа, мечот го заврши со 8 одбрани, и беше прогласен за играч на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×