Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус го отстранил Федерико Киеза од првиот тим, напаѓачот е приморан да тренира сам се додека не пронајде нов клуб.
„Старта дама“ инвестираше 60 милиони евра во ангажман на Федерико Киеза, напаѓачот минатата сезона беше еден од клучните играчи, но Тиаго Мота не смета на него, па Италијанецот беше ставен на продажба.
Дека нема иднина за Федерико Киеза во Торино покажува и последниот потег, играчот е отстранет од првиот тим на Јувентус.
Федерико Киеза е приморан да тренира сам се додека не пронајде нов клуб.
Неговата цена е 15 милиони евра, односно сумата која стои во сметководствените книги и нема да значи загуба за Јувентус.
Се говори дека Интер, Милан и Рома внимателно ја следат ситуацијата и би можеле да достават понуди во последните денови од летниот преоден рок.