Од училиште, на деби во дресот на Премиерлигашот, Јокановиќ: Ова дете покажува карактер

by
1 минути читање

Премиерлигашот
Фулам со победа од 1-3 се врати од гостувањето кај градскиот ривал Милвол во
рамките на третата рунда натпревари од Лига купот на Англија, а на тој меч
дебитираше Харви Елиот.

Можеби името не е
познато за пошироката фудбалска јавност, но, фактот што тој има само 15 години
и 174 дена беше доволен податок да се најде низ повеќе светски медиуми.

Елиот влезе во
игра на местото на Ајите во 81. минута, за крилниот фудбалер ова е деби во
професионални рамки.

Младата надеж на
Фулам денот го почна на училиште, имал и некои тестови, според зборовите на
шефот на стручниот штаб на таа екипа, Славиша Јокановиќ, а истиот го заврши
дебитирајќи за Премиерлигашот, денес Елиот повторно е на училиште и сигурно ќе
има што да им раскажува на своите соученици.

Не знам дали би
употребил некој погрешен збор на англиски, но, тој е арогантен и позитивен

рече Јокановиќ.

Детево покажува
карактер кога ми вели
Сакам
да ти покажам дека сум добар фудбалер
, јас му велам Добро, покажи на теренот што знаеш и умееш, ќе ти ја дадам таа шанса
. Тој имаше неколку тренинзи со нас,
веруваме дека иднината е пред него
“ додаде српскиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×