Од Турција навестуваат: Емре Мор се сели во Милано, но не во Интер

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Турција, се вели дека офанзивецот на Борусија
Дортмунд, Емре Мор својата кариера ќе ја продолжи во Италија.

Иако најсериозен
претендент за неговиот потпис беше Интер, сепак, во Турција откриваат дека
Милан го зазел приматот водечка екипа во преговорите за талентираниот Турчин.

„Тој ќе игра во
Италија“, изјави неговиот поранешен агент, Муци Озчан кој додаде дека тој
повеќе не се грижи за правата на Мор, но ја откри неговата следна дестинација.

Сепак, новиот
агент на Мор е Демиртас Бекташ, токму тој го реализираше трансферот на
Чалханоглу, едно од најголемите засилувања за Милан ова лето.

Дека Милан е во
предност говори и изјавата на еден од водечките фудбалски агенти во Турција,
Ахмет Булут, кој во изјава за тамошните медиуми истакна дека следната дестинација
за Емре Мор ќе биде токму Милан.

Емре Мор има
важечки договор со Борусија Дортмунд до 2021. година, бундеслигашот лани го
купи од дански Нордсјеланд за сума од 10 милиони евра, се чини дека направи
одлична зделка, со оглед на тоа што сега го чека добра заработка од
евентуалната продажбата на младиот Турчин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани