2,9K
Раул Асенцио има кариерен пат од соништата. Младиот фудбалер на Реал Мадрид доби и дебитантски повик во репрезентацијата на Шпанија.
Интересна ситуација е фактот дека тој неодамна беше третолигашки фудбалер, бидејќи играше за Реал Кастиља или Б-тимот на мадридскиот гигант. Тоа е тим кој се натпреварува во третата лига во Шпанија, а потоа дојдоа проблемите во сениорскиот тим.
Анчелоти го повика во А-тимот и Асенцио почна да блеска. Со добрите партии стана незаменлив во стартниот состав, а потоа стигна и до повик во репрезентацијата.
Асенцио за само 125 дена успеа да стигне од трета лига до настапи во Ла Лига, Лига на шампиони и репрезентацијата на Шпанија.