ПСЖ уште еднаш
демонстрираше моќ и лесно се справи со Селтик на гостувањето во Шкотска.
„Светците“ на полувреме имаа предност од 0-3 а конечниот резултат гласеше 0-5.
Но повеќе во
фокусот е инцидентот кој се случи по последниот свиреж на судијата. Младиот Антони Ролстон појде да се поздрави со Нејмар, но Бразилецот одби да подаде
рака.
18 годишниот
десен бек сега ја раскажа својата приказна и навистина не заслужува на ваков
начин да биде понижен од противникот.
Тој е дете на
Селтик, долги години бил собирач на топки, а тоа го правел и пред пет години,
кога Селтик со 2-1 славеше над Барселона во Лигата на шампионите.
Откако толку
години покрај теренот ги гледал најголемите фудбалски ѕвезди, тој сега доби
шанса да се најде на другата страна на аут линијата. И во свето деби во Европа
доби задача да го чува најскапиот играч во светот на фудбалот.
Антони Ролстон не
се исплаши од Нејмар, па кон крајот на првиот дел имаше еден вербален дуел со
Бразилецот, кога напаѓачот на ПСЖ доби жолт картон за симулирање.
Десниот бек му се
насмеа во лице на Нејмар, а овој му покажа три прста за да го потсети колку е
резултатот.
По крајот на
средбата, Антони Ролстон го заборави ова „пецкање“ но очигледно големата ѕвезда
Нејмар не можеше, па одби да подаде рака.
„Ништо страшно,
нема да му ја мислам многу на ова” – вели 18 годишниот Шкот. „Ако тој не сака да се поздрави, немам ништо
против тоа. ”
„Долги години бев
собирач на топки, вклучувајќи ја и победата од 2-1 над Барселона пред неколку
години. Па малку ми беше нереално тоа што сега се најдов од другата страна, и
бев еден од играчите на теренот”.
„Ми се оствари
сонот. Цел живот сум фан на Селтик и собирав топки на вакви вечери, сега играв.
Она што го искусив на почетокот од средбата е најдоброто чувство во светот.
Кога ја слушнав химната од Лигата на шампионите и како фановите скандираат, тоа
никогаш нема да го заборавам. Тоа е момент во кој едноставно морате да уживате.
Никогаш нема да го заборавам”.
„Поради ова
играте фудбал, се надевате дека еден ден ќе стигнете до ова ниво”.