Од Саудиска Арабија тргнал со велосипед, бил удрен од кампион, но стигна во Русија

by
1 минути читање

Светските првенства често носат и позитивни, луди приказни, такава е и онаа на Фахд Ал Јахија од Саудиска Арабија.

28-годишниот Ал Јахија за 75 дена поминал 5145 километри со велосипед од Саудиска Арабија до Русија.

„Принцот на Ријад регионот, Фајсал Бен Бандар Абдулазиз, ми го даде националното знаме, го носев по целиот пат и го донесов во амбасадата на Саудиска Арабија во Москва и му го дадов на амбасадорот Раед Кримли во вторникот“, вели велосипедистот.

Патувањето на Ал Јахија не поминало без последици, на патот до Русија имал инцидент со кампион во кој заработил мала поведа на главата и повреди на грбот, но тие не го спречиле за да ја оствари целта.

Херојот на Саудиска Арабија нема намера да се враќа со велосипед и повторно да ја минува истата дистанца: „Многу е далеку со велосипед, со авион ќе се вратам до Ријад“.

Денеска од 17 часот Саудиска Арабија игра против Русија во премиерниот меч на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани