372
Во летниот преоден рок
Арсенал беше на прагот да го доведе Томас Лемар од Монако за околу 100 милиони евра,
но и покрај големите напори вложени во последниот ден од преодниот рок, до реализација на тој трансфер не дојде.
Овој пат, тимот од
Лондон се сврте кон друг Французин, па така испратил понуда вредна близу 45 милиони евра за напаѓачот на Реал Мадрид,
Карим Бензема.
„Диарио Гол“ пишува дека
првиот човек на европскиот и шпански првак, Флорентино Перез едноставно не
можел да поверува дека добил понуда со таква сума за еден од најдобрите
напаѓачи во светот.