Од Премиерлигата и официјално го објавија датумот на одигрување на пресметката помеѓу Манчестер Сити и Вест Хем во рамките на редовното 26. коло од најсилниот фудбалски шампионат на Островот.
Како што известуваат од таму, се вели дека дуелот на „Итихад“ ќе се одигра идната среда во вечерниот термин со почеток од 20,30 часот.
Мечот најпрво беше на програмата за 9. февруари, меѓутоа истиот се одложи поради лошите временски услови, односно невремено кое ја зафати Велика Британија.
Премиерлигашите секоја сезона имаат бурен распоред, особено во втората половина од сезоната, па така е воедно и оваа сезона.
Во однос на тоа, ќе спомене дека Манчестер Сити во рок од една седмица ќе треба да одигра дури три натпревари, прво дуелот со Вест Хем на домашен терен, за по два дена да следи гостувањето кај Лестер (сабота), мошне важен меч за „Граѓаните“, а четири денови потоа (среда) пак да следи и гостување кај Реал Мадрид во првата пресметка помеѓу обата клуба во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Речиси и да нема дилеми дека шефот на стручниот штаб на англискиот првак, Пеп Гвардиола ќе направи големи ротации во својот состав за бурните осум денови кои претстојат на „Граѓаните“.